КРСТАРЕЊЕ ПО ХАЛКИДИКИ

од95

КРСТАРЕЊЕ ПО ХАЛКИДИКИ

Период

07 Sep - 09 Sep

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

2345

Бр. Седишта

50

” Царство без круна, држава без војска,

мудрост без школо,кујна без месо,

богатство без пари,земја без жени!!!”

СВЕТА ГОРА

Автобус + Брод

1 ден

07 .09 СКОПЈЕ- ШТИП - КАСАНДРА

Состанок на групата пред Новата Пошта-Штип во 04:30.Поаѓање во 05:00часот.Состанок на групата од Скопје пред Хотел ВИП во 04:30.Поаѓање во 05:00 часот.Влез за Р.Грција кај граничниот премин Св.Богородица.По граничните формалности патот продолжува за Солун, каде е предвиденo панорамски разглед на позначајните места - Белата Кула,Плоштадот„Аристотели”.Планирана е посета на црквата Св.Димитрија....Посета на шопинг центарот „Космос“. Заминување на групата кон Халкидики. Сместување во студија и апартмани во Неа Потидеа. Време предвидено за oдмор,плажа... Во вечерните часови посета на гратчето Афитос – карактеристично по својата архитектура и местоположба.Враќање во Неа Каликратија.Ноќевање.
2 ден

08.09 КАСАНДРА - АТОС - СИТОНИЈА

Во 08:00 часот заминување со автобус за Ормос- мало гратче сместено на Ситонија, од каде почнува предвиденото крстарење со брод околу Атос- третиот крак на Халкидики на кој се наоѓа „СВЕТА ГОРА“ манастирска држава со непрекината историја од 1000 год.Од бродот ќе имате можност да ги видете манастирите и да слушнете објаснување за секој манастир поединечно на македонски јазик. После крстарењето предвидена е двочасовна пауза во Уранополис,единствено туристичко место на третиот крак можност за капење, ручек,прошетка....Во 17:00 часот пристигнување на Ситонија-Ормос.Потоа заминување со автобус кон Ормилија,посета на женски манастир “Успение на Пресвета Богородица “ и запознавање со монашкиот живот и ракотворбите на монахињите,посета на машкиот манастир “Св.Арсение” во Ватопеди кој воедно претставува меток од Светогорските манастири. Во вечерните часови враќање со автобус за Касандра-Неа Потидеа. Одмор.Ноќевање.
3 ден

09.09 КАСАНДРА - МАКЕДОНИЈА

Слободно време за плажа и индивидуални активности.Во 18:00 часот заминување на групата кон Македонија.