РИМ - Авион

од379

РИМ - Авион

Период

30 Dec - 03 Jan

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

1661

Бр. Седишта

20


1 ден

30.декември (недела) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Лет за Рим со (W6-7757) во 13:20ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот за престој и панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден

31.декември (понеделник) РИМ - ВАТИКАН

Појадок. Факултативна посета на Ватикан - католичката престолнина, која е воедно и еден од најголемите музејски комплекси во светот. Во нејзините палати се изложени многубројни уметнички дела, донирани и купени од Римокатоличката црква низ вековите. Посета на една од најголемите катедрални цркви во светот - посветена на апостолот Св.Петар, на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби... По разгледот на Ватикан, препорачуваме прошетка покрај "Замокот на Ангелите", премин преку истоимениот мост, се' до плоштадот Навона, кој е изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од првиот век. Плоштадот Навона е познат и како уметничката четврт на Рим. Тој е всушност и гордоста на барокот во градот Рим, со прекрасните скулптури и архитектонски дела на Џан Лоренцо Бернини: "Fontana dei Quattro Fiumi", како и со црквата "Св.Агнеса во Агонија" од Боромини и Рајналди. Можност за краток одмор со ручек, или пак уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, новогодишна прослава на некој од мноштвото градски плоштади. Ноќевање
3 ден

01.јануари (вторник) РИМ (Христијанските цркви и гробот на Св.Кирил)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за факултативна прошетка со метро низ Рим, со посета на катедралната црква посветена на Св. Павле, како и на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре и црквата Сан Пјетро ин Винколи. Прошетката продолжува покрај Римскиот колосеум и црквата Сан Клементе, во која ќе ги посетиме капелата и гробот на Св.Кирил. Во попладневните часови, препорачуваме прошетката да продолжи низ познатиот боемски кварт Трастевере: црквата Св.Марија ин Трастевере, ренесансната палата Фарнезе, ботаничката градина, како и посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска населба. На островот може да се посети и црквата на Св.Бартоломеј. Слободното време за вечера, може да се помине во некој од мноштвото традиционални италијански ресторани на Трастевере. Ноќевање.
4 ден

02.јануари (среда) РИМ - ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на паркот Tиволи. Прекрасната "Villa D’Este" и нејзината градина, се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, скулптури на нимфи, пештери, игри со вода и музика, таа претставува класичен модел од најпознатите европски градини, изградени во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. За попладневните часови, препорачуваме прошека по познатата "Via Del Corso" (најпознатата шопинг улица во Рим), како и посета на "Fotana di Trevi". Пред да продолжите понатаму, не заборавајте да фрлите паричка, токму за да си го обезбедите вашето повторно враќање во Вечниот град. Завршете ја прошетката, со пријатна кафе пауза покрај познатите "Шпански скали".Ноќевање.
5 ден

03.јануари (четврток) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за кратки индивидуални прошетки. Трансферот до аеродромот во Рим е во 12:30 часот. Лет за Скопје со (W6-7758) во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот попладне.