РИМ - Авион

од309

РИМ - Авион

Период

21 Oct - 24 Oct

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

1480

Бр. Седишта

50

Сите патишта водат во РИМ… Рим е градот и лулката на цивилизацијата, архитектурата, уметноста, религијата, надополнување на античката архитектура и изразеното мајсторство на римската архитектура и уметност. Седиштето на “светата столица” – Ватикан е во самото срце на Рим, каде се наоѓа најголемата катедрала во светот -”Св. Петар”.

1 ден

21.10 (Сабота) Скопје – Штип – Солун – Рим

Поаѓање на групата од Македонија во 03:00 часот наутро на договореното место. Автобуски трансфер до Солун. Авионски лет од Солун во 09:25 по локално време од аеродромот Македонија. Пристигнување во Рим (аеродромот Чиампино 10:15 по локално време). Трансфер до договореното место со локалниот водич. Разгледување на Рим со локален водич: Споменикот на Виктор Емануел и плоштад Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на цар Трајан, Плоштадот Навона, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (фонтаната на желбите),Пантеонот (најмонументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа Дел Корзо... Сместување во хотел.Ноќевање
2 ден

22.10 (Недела) Рим – Тиволи

Појадок. После појадокот предлагаме прекрасен факултативен излет до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтании познатата вила Д`Есте (градена во импозантен барок стил), која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. После посетата на Тиволи упатување кон центарот на Рим.Слободно попладне и можност за шопинг. Враќање во хотел.Ноќевање
3 ден

23.10 (Понеделник) Рим - Ватикан

Појадок. Можност за факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи, Катедралата Св.Петар,Сикстинската Капела, разглед на делата од Микеланџело, Рафаело... Враќање во хотел.Можност за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
4 ден

24.10 (Вторник) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер хотел-аеродром и лет за Солун во 06:45 по локално време. Пристигнување во Солун во 09:30 часот. Слободно време во Космос и Икеа. Во договореното време враќање за Македонија