РИМ - Авион

од299

РИМ - Авион

Период

08 Mar - 11 Mar

Времетраење

4 дена 3 ноќевања со појадок

Прегледи

2447

Бр. Седишта

50
1 ден

08 Март (Четврток) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:30 часот.Авионот од Скопје полетува во 13:15 часот со WIZZAIR.Пристигнување во Рим (на аеродромот Чиампино 15:00 по локално време). Организиран . разглед на Рим со локален водич и бус: Катедралата Св.Џовани - Латерано, црквата на Пресвета Богородица,Плоштадот Де ла република,Виа Национале,Пјаца Барберини,Виа Венето,замокот Св.Ангело, Вила Боргезе, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (фонтаната на желбите), Пантеонот (најмонументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа Дел Корзо.... Во договореното време по разгледот на градот враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден

09 Март (Петок) РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Во договореното време заминување во центарот на градот со метро. Можност за индивидуални прошетки или шопинг во шопинг центар во Рим. Во договореното време средба со локалниот водич и заминување за Ватикан, посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Катедралата Св.Петар,Сикстинската Капела, разглед на делата од Микеланџело, Рафаело... Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

10 Март (Сабота) РИМ-ТИВОЛИ

Појадок. После појадокот предлагаме прекрасен излет до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтании познатата вила Д`Есте (градена во импозантен барок стил), која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во Рим. Можност за шопинг во центарот на Рим и враќање во хотел со метро во договореното време во попладневните часови. Ноќевање.
4 ден

11 Март (Недела) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Организиран трансфер до аеродром Чиампино.Полетување за Скопје во 15:30 часот. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.