РИМ - Авион

од279

РИМ - Авион

Период

06 Dec - 09 Dec

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

1787

Бр. Седишта

50

Главниот град на Италија – Рим, извонреден, космополитски град, со скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Паркот Тиволи со фонтаните… Шпанските скали…

1 ден

06 Декември (Четврток) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на Меѓународен Аеродром Скопје во 11:30 часот. Лет за Рим во 13:20 часот. Слетување во Рим во 15.00 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед...Ноќевање.
2 ден

07 Декември (Петок) РИМ - ВАТИКАН - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

08 Декември (Сабота) РИМ

Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
4 ден

09 Декември (Недела) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 15.35 часот. Пристигнување во Скопје во 17.10 часот.