ПРАГА

од159

ПРАГА

Период

29 Dec - 02 Jan

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

719

Бр. Седишта

50

1 ден

29.12.2018: СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот 12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

30.12.2018: ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

31.12.2018: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче.Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa. Дочек на Нова Година на гардскиот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

01.01.2019: ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден

02.01.2019 : СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.