ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ВИЕНА 2НП

од119

ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ВИЕНА 2НП

Период

06 Dec - 10 Dec

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

364

Бр. Седишта

50

1 ден

06 Декември (Четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

07 Декември (Петок) ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник - Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден

08 Декември (Сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa. За крај на денот, предлагаме посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки... Ноќевање.
4 ден

09 Декември (Недела) ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан... Слободно време во Виена. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден

10 Декември (Понееделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.