ПАРИЗ

од269

ПАРИЗ

Период

07 Mar - 15 Mar

Времетраење

9 дена 4 ноќевања

Прегледи

388

Бр. Седишта

50

1 ден

07 Март (Среда) – Скопје – Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виенa во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.
2 ден

08 Март (Четврток) – Виена – Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден

09 Март (Петок) – Прага

Појадок. Пртпладне, предлагаме панорамско разгледување на Прага : Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
4 ден

10 Март (Сабота) – Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Ноќевање.
5 ден

11 Март (Недела) – Париз

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј – Лувр. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел. Ноќевање
6 ден

12 Март (Понеделник) – Дизниленд – Минхен

Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски парка или прекрасна прошетка низ нов прекрасен град како од бајките Val de Europe – шопинг центар со сите можни брендови и бутици од Париз. Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен (840km). Ноќно возење.
7 ден

13 Март (Вторник) – Минхен

Пристигнуваме во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Ноќевање.
8 ден

14 Март (Среда) – Салзбург

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ, Словенија, Хрватска, Србија.
9 ден

15 Март (Четврток) – Скопје

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.