ПАРИЗ

од279

ПАРИЗ

Период

28 Dec - 05 Jan

Времетраење

9 дена 4 ноќевања

Прегледи

536

Бр. Седишта

50

1 ден

28.12.2018 СКОПЈЕ-ВИЕНА

Состанок на групата во 11.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.
2 ден

29.12.2018 ВИЕНА-ПРАГА

ПРАГАПристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

30.12.2018 ПРАГА-ПАРИЗ

Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
4 ден

31.12.2018 ПАРИЗ

Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Попладне препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел .
5 ден

01.01.2019ПАРИЗ (ВЕРСАЈ)

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.
6 ден

02.01.2019ПАРИЗ-(ЛУВР)- МИНХЕН

Појадок. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ мнајпознатата париска авенија Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.
7 ден

03.01.2019 МИНХЕН

Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.
8 ден

04.01.2019 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.
9 ден

05.01.2019СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.