МАЛТА

од399

МАЛТА

Период

23 May - 27 Jun

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

901

Бр. Седишта

50
1 ден

23 Мај (Среда) СКОПЈЕ - МАЛТА

Состанок на групата на аеродромот „Александар Велики“ во 16:00 часот. Лет за Mалта (W6 7765) во 17:50, слетување на Малта во 19:35 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
2 ден

24 Мај (Четврток) ВАЛЕТА

Појадок. Разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на St.John, чие што културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на St.John, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Слободно време. Ноќевање.
3 ден

25 Мај (Петок) ТРИТЕ ГРАДА (Conspicoua ,Vittoriosa и Senglea)

Појадок. Можност за факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, ConspicouaBormla, најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на St.John. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

26 Мај (Сабота) МАЛТА - ГОЗО

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден

27 Мај (Недела) МАЛТА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во (W6 7766) во 20:05 часот. Слетување во Скопје во 21:50 часот.

Слични Понуди