Мадрид - Авион

од475

Мадрид - Авион

Период

16 Mar - 20 Mar

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

224

Бр. Седишта

50

1 ден

16 март 2018 СКОПЈЕ - СОФИЈА - МАДРИД

Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 17.50 и пристигнување во 20.40 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно вечер. Ноќевање.
2 ден

17 март 2017 МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми...Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу", на кој настапува славниот кралски фудбалски клуб „Реал Мадрид". Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.
3 ден

18 март 2018 МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.
4 ден

19 март 2018 МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ – СОФИЈА

Појадок. Полудневен излет во местото Ел Ескориал - кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Софија со Wizz Air во 21.20 и пристигнување во 01:55 часот.
5 ден

20 март 2018 СОФИЈА - СКОПЈЕ

Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.