ЛУТРАКИ

од119

ЛУТРАКИ

Период

30 Dec - 01 Jan

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

454

Бр. Седишта

50

1 ден

30.12.2017 (сабота)

04.00 часот. Заминување на групата од Скопје кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во изобилството продавници. Во 14.00 часот заминување на групата кон Лутраки.Пристигнување во Лутраки вопопладневните часови. Сместување во хотел „Paradosiako“3***(www.hotelparadosiako.com), во хотел „Palladium“ 3***( www.palladiumhotel.gr), иво луксузната вила „Sirius“( вилата „Sirius“ се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Paradosiako“ и гостите кои ќе бидат сместени овде ќе користат појадок и новогодишна вечера во ресторанот на хотелот). Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите. Ноќевање.
2 ден

31.12.2017 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност на отворено, под заснеженото небо да се релаксирате во минералната вода со температура од 37 степени . Можност за шопинг на пазарот во бањата кој изобилува со домашно подготвени специјалитети од овој крај. Во попладневните часови враќање во Лутраки. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година во ресторанот на хотелот „Paradosiako“ со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање
3 ден

01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Организирано заминување на групата кон Воден. По пристигнувањето, разгледување на водопадите и слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.