Луковска Бања

од109

Луковска Бања

Период

07 Dec - 09 Dec

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

273

Бр. Седишта

50

1 ден

07.12.2018 (петок) Скопје – Луковска Бања

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во Хотел Копаоник 3*. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на базените и содржините на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2 ден

08.12.2018 (сабота) Луковска Бања

Појадок. Време предвидено за одмор, релаксација, користење СПА и индивидуални прошетки и разгледи низ Луковска Бања бања. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на базените со термална вода. Вечера. Ноќевање.
3 ден

09.12.2018 (недела) Луковска Бања – Скопје

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.