Либан - авион

од650

Либан - авион

Период

20 Oct - 24 Oct

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

25

Бр. Седишта

50

Либан, медитеранска, планинска, неверојатна земја на Блискиот Исток. Иако е опкружена со пустина, оваа земја е вистинска оаза, а тоа го покажува и дрвото кедар кое се наоѓа на знамето, а и во самото име кое преведено значи бело по снежните истоимени планини. Оваа територија е населена од Феникијци, за кои сведочат илјадници постоечки градови како што се Бејрут, Тир, Сидон… Градовите со насмеам народ денеска се сметаат за најстарите градови на светот.

Бејрут, милионски град, сместен помеќу планината Либан и Средоземното море, воедно е и главен град на Либан. Назив за еден од најстарите градови, чии почетоци се врзуваат за петнаесетиот век пред новата ера, името му го дале Феникијците по бунарите и големото богатство со вода во тоа време. Го нарекуваат и Париз на истокот, град со традиција и модерна престолнина… второто име му е Град на Феникс бидејќи во текот на историјата бил ручен и обновуван 7 пати. Како центар на земјата, Бејрут ќе биде наша почетна точка за истражување на неверојатниот Либан, земјата на кедарот, пустините и снежните врвови.

1 ден

20.10 (Петок) - СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-БЕЈРУТ

Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во Скопје во 08:55 часот, предвидено време за полетување за Истанбул во 10:55 часот ао авио компанијата PegasusAirlines. Слетување во Истанбул во 13:20 часот по локално време. Чекање на конекција за Бејрут, предвидено време за полетување 23:35 часот. Слетување во Бејрут во 01:35 часот наредниот ден по локално време. По завршување на царинските формалности, трансфер до хотелот, слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден

21.10 (Сабота) – БЕЈРУТ

Појадок во хотелот. Поаѓање за разглед на градот кој опфаќа: обиколка на националниот музеј,Гулабовите стени, природно чудо насред море, шеталиштето Корнис по должина на Медотеранското море каде се наоѓаат бројни кафулиња и ресторани каде можете да ја вкусите најубавата Либанска храна које впрочем е многу слична до нашата а сепак е различна, џамијата, плоштадот Етоал, новиот дел на градот во кој вистински ќе ги почувствувате звуците на Истокот.
3 и 4 ден

22-23.10 (Недела и понеделник)

Појадок во хотелот. Слободни денови за индивидуални активности. Можност за организација на факултативни излет. Библос со пештерата Џелта која се наоѓа во финалети за едно од новите сведски чуда. Стара е повеќе од илјада години и е една од најубавите во светот. Обиколка на градот- античките локалитети, црквата Свети Јован, старото пристаниште. • Обиколка на долината Бека и посета на најпознатиот Либански локалитет Балбек, храмовите посветени на Јупитер, Бахус и Венера, посета на винарија и дегустација на познатото либанско вино. Посета на местото Анжар, изградено во 8 век од династијата Умајад, на која сега се наоѓаат остатоци од палати, пристаништа, резиденции. • Посета на Кадиш, пешачење низ шумите со кедар се до скриените манастири. • Посета на феникијските градови Тир и Сидон.
5 ден

24.10 (Вторник)

Ран утрински трансфер на аеродром. Предвидено време за полетување во 07:10 часот, слетување во Истанбул во 09:10 часот по локално време. Чекање на конекција за Скопје, предвидено време за лет 16:25 часот по локално време, слетување во Скопје во 17:00 часот.