КРАКОВ

од169

КРАКОВ

Период

28 Dec - 02 Jan

Времетраење

5 дена 3 ноќевања

Прегледи

717

Бр. Седишта

50

1 ден

28.Декември (Петок) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2 ден

29.Декември (Сабота) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица... Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

30.Декември (Недела) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета на пивница. Ноќевање.
4 ден

31.Декември (Понеделник) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА

Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то нивоили 13 метри под нивот на земјата. Вечерта, дочек на Новата 2019 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.
5 ден

01.Јануари (Вторник) КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.