Израел - Божиќ 2019

од999

Израел - Божиќ 2019

Период

04 Jan - 11 Jan

Времетраење

8 дена 7 ноќевања

Прегледи

214

Бр. Седишта

20
1 ден

(04.јануари): Скопје – Истанбул – Тел Авив

Состанок на групата на Аеродром Александар Велики во 18:30 часот.Лет за Истанбул со ТК1006 во 20:40 часот.Оброк во авион. Слетување во 00:20 часот. Полетување со ТК 792 во 01:45 - 05 Јануари. Оброк во авион. Слетување на аеродромот Ben Gurion во 02:55 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Нетанија. Ноќевање.
2 ден

(05.јануари): Цезареа – Хаифа - Бахајски Градини – Тибериас

По појадокот заминување кон Цезареа римски археолошки локалитет со одлично конзервираниот амфитеатар изграден од страна на Крал Ирод и ќе ги видиме хиподромот и најголемиот аквадукт во Светата Земја. Продолжуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел .Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св.Илија.Заминуваме кон нашиот хотел во Тибериас преку Галилеја. Вечера. Ноќевање.
3 ден

(06.јануари): Галилеја - Светите Олтари - Табха - Гора на Блаженствата - Капернаум - Јардени

По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море,Езеро каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек –риба во традиционален ресторан (вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање.
4 ден

(07.јануари): Гората Табор - Кана - Назарет

По појадокот, ќе тргнеме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението.Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините.Заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба.Продолжуваме кон Назарет,во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Вечера. Ноќевање.
5 ден

(08.јануари): Масада - Мртво Море

По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Патот го продолжуваме кон Витлеем. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
6 ден

(09.јануари): Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град – Еин Карем

Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, како и црквата Св. Катерина и пештерата на Св.Јероним. Од Маслиновата Гора ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите Олтари на Маслиновата Гора ,Оче Наш, Капелата Dominos Flavit,Гетсеманските Градини,ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина.Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации.Во Гециманската Градина,Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен.Посета на гробот на Мајката Божја,кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот.Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким,и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото.Посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање назад во хотел. Вечера. Ноќевање.
7 ден

(10.јануари):Стариот Град - Планината Зион - Еврејски Кварт - Западниот

По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура -прошетка низ Светиот Град, Via Dolorosa - патот на Христовото Страдание, ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота,плочата на миропомазувањето на Исус и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме,преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Вечера.Ноќевање.
8 ден

(11.јануари): Тел Авив – Истанбул – Скопје

Одјавување од хотел во раните утрински часови и појадок. По појадокот заминување (со спакуван багаж) кон Old Jaffa,најстарото пристаниште на Средоземјето, античкиот дел на Тел Авив каде ќе ја посетиме црквата Св.Петар и уметничкиот кварт .Трансфер до аеродром за летот на ТК 787 во 15:20.Лет за Истанбул а потоа заминуваме за Скопје со ТК 1005 во 20:15.Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.