ИСТАНБУЛ 3НП

од129

ИСТАНБУЛ 3НП

Период

10 Oct - 15 Oct

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

1123

Бр. Седишта

50
1 ден

10 Октомври СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти хотелот Holiday In во 16:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

11 Октомври ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Ве водиме до прекрасниот видиковец на Азиската страна Чамлиџа од каде Истанбул се гледа како на дланка. Предлагаме прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

12 Октомври ПРИНЦЕСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме ручек во еден од многуте рибни ресторани. Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.
4 ден

13 Октомври ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор.Ноќевање.
5 ден

14 Октомври ИСТАНБУЛ- СКОПЈЕ:

Појадок. Предпладне организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа ве водиме во МИНИЈАТУРК- најголем минијатурен парк во светот, отворен 2003 г. Паркот има 122 скулптури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период во размер 1:25. За крај го посетуваме голем шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи.
6 ден

15 Октомври СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.