ИСТАНБУЛ - Авион

од169

ИСТАНБУЛ - Авион

Период

29 Dec - 01 Jan

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

1143

Бр. Седишта

20

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила, град кој фасцинира. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие-улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

1 ден

29.12.2018 (Сабота)

Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:55 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:25 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Факултативна посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден

30.12.2018 (Недела)

Појадок. По појадокот, панорамски разглед на градот со стручен водич: Лалели Џамија, Јени Џамија, Бејазит Кула, Златен Рог, Валенсов Аквадукт, Таксим, Сулејманија, Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. Ноќевање.
3 ден

31.12.2018 (Понеделник)

Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. ФАКУЛТАТИВНО – ДОЧЕК НА НОВА 2019 во национален ресторан со свечена вечера, неограничен пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или дочек на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

01.01.2019 (Вторник)

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис или предлог: шопинг во познатиот трговски центар Форум со можност за посета на Аквариумот. Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 17:00. Полетување за Скопје во 20:15 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:45.