Букурешт

од99

Букурешт

Период

29 Dec - 02 Jan

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

890

Бр. Седишта

45
1 ден

29.декември (сабота) СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ

Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот 'Holiday inn". Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
2 ден

30.декември (недела) БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на истокот“ поради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки. Ноќевање.
3 ден

31.декември (понеделник) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови. Вечерта можност за дочек на Нова 2019 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.
4 ден

01.јануари (вторник) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување, во попладневните часови.Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.