Редовна цена на аранжманот 109 ЕВРА/6.760 мкд
Промо цена на аранжманот до 12.04.2024/ 89 ЕВРА /5.520 мкд
10% ПОПУСТ: 80 ЕВРА / 4.960 мкд ДО 12.04 СО УПЛАТА ОД 50%
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Покрај посетата на Будва ги посетуваме Дубровник, Котор, Пераст и Тиват. Во продолжение програмата…
02.05.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ ХОТЕЛ РУСИЈА
03.05.2024 (ПЕТОК) ОСТРОГ-БУДВА
04.05.2024 (САБОТА) БУДВА-ДУБРОВНИК
05.05.2024 (НЕДЕЛА) БУДВА-ТИВАТ-КОТОР-СКОПЈЕ
- Автобускиот превоз
- 2 ноќевања во апартмани
- Организирана прошетка во Будва
- Туристички придружник за време на целиот престој
- Посета на Острог
- Патничко осигурување (се вади во агенција)
- Туристичка такса 2 евра од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
- Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска – 35 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Факултативен излет до Дубровник – 30 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Доплата за сингл соба (50% од сумата на аранжманот)- за лица кои патуват сами.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот со (Република Северна Македонија) треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.