БУДИМПЕШТА 2НП

од99

БУДИМПЕШТА 2НП

Период

06 Dec - 10 Dec

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

907

Бр. Седишта

50

su_animate type=”bounceInRight” duration=”2.5″ delay=”0.3″]

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 € / 6.760 ден

[/su_animate]

1 ден

06 Декември (Четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден

07 Декември (Петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
3 ден

08 Декември (Сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.. Ноќевање.
4 ден

09 Декември (Недела) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА

Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден

10 Декември (Понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.