БУДИМПЕШТА 2НП

од109

БУДИМПЕШТА 2НП

Период

10 Oct - 14 Oct

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

690

Бр. Седишта

50
1 ден

10 Октомври (Среда) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на паркингот на спртската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден

11 Октомври (Четврток) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ден

12 Октомври (Петок) БУДИМПЕШТА – ПАНДОРФ АУТЛЕТ

Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.
4 ден

13 Октомври (Сабота) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Препорачуваме посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности
5 ден

14 Октомври (Недела) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.