АЗУРЕН БРЕГ

од229

АЗУРЕН БРЕГ

Период

28 Dec - 02 Jan

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

504

Бр. Седишта

50

1 ДЕН

28.12.2018 СКОПЈЕ - МИЛАНО:

Состанок на групата во 10 00 ч. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

29.12.02018 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Сместување во хотел. Факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот.... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден

30.12.2018 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата. Ноќевање.
4 ден

31.12.2018 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Предлагаме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница. Предлагаме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.
5 ден

01.01.2019 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето....Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
6 ден

02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови