АТИНА 2НП

од120

АТИНА 2НП

Период

08 Mar - 11 Mar

Времетраење

4 дена 2 ноќевања

Прегледи

132

Бр. Седишта

50
1 ден

08 Март (Четврток) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на групата во договореното време и место. Се патува преку граничниот премин Св.Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

09 Март (Петок) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови.Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се посетат: Плоштадите Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во таверна со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
3 ден

10 Март (Сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена, Античкиот град и гробницата на Агамемнон. Можност за ручек во локална таверна, како и посета на продавница со рачно изработени сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.
4 ден

11 Март (Недела) АТИНА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна полудневна посета на пристанишното место Пиреја и Сунион, најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање прошетка покрај најпознатите монденски летувалишта, Глифада и Вула. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.