СТРАЗБУР

од319

СТРАЗБУР

Период

09 Mar - 13 Mar

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

301

Бр. Седишта

50


1 ден

09 март 2018 Скопје – Фридрихшафен - Стразбур

Состанок на групата во 11:20 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Полетување за Фридрихшафен во 13:05 часот, слетување во 15:10 часот. Трансфер до Стразбур со попатна посета на Боденското Езеро. Позната туристичка атракција,се наоѓа на тромеѓето помеѓу Австрија, Швајцарија и Германија и место познато како извор на една од најдолгите реки во Европа – Дунав. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

10 март 2018 Стразбур

Појадок. Разглед на Стразбур - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбур изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

11 март 2018 Стразбур – Фрајбург – Колмар – Риквир – Стразбур

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас. Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Продолжување на патувањето го градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.. Патувањето продолжува до селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Продолжување на патувањето до местото Оршвилер каде се наоѓа дворецот Висок Кенингсбург изграден во 12-ти век на стратешкото место во планината Вогези одма над рамнината Алзас, користен е како утврдување до 17-ти век. Реставриран е по налог на германскиот цар Вилхелм II, а денес е една од најголемите туристички атракции во тој регион.Враќање во Стразбур. Ноќевање.
4 ден

12 март 2018 Стразбур – Хајделберг –Баден Баден - Стразбур

Појадок. Целодневен факултативен излет до Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патувањето продолжува до Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Враќање во Стразбур. Ноќевање.
5 ден

13 март 2018 Стразбур – Базел – Скопје

Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел или можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Заминување за Базел, прошетка низ градот. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 20:50 часот. Пристигнување во Скопје во 23:05 часот.