КОЛМАР - СТРАЗБУР

од239

КОЛМАР - СТРАЗБУР

Период

07 Mar - 12 Mar

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

419

Бр. Седишта

50

1 ден

07 (Среда) СКОПЈЕ – ХАЛШТАД – САЛЗБУРГ

Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 13.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 14:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

08 Март (Четврток) ХАЛШТАД – САЛЗБУРГ

Пристигнување во Халштад во утринските часови. Прошетка низ малото селце Халштад кој се наоѓа во подножјето на планинскиот масив ДАХШТАЈН (Dachstein) кој е дел од Австриските Алпи и на бреговите на истоименото езеро кое го одзема здивот со својата уабвина и изглед како од бајките. Слободно време за прошетка покрај езерото кое UNESCO го има ставено под своја заштита. Во договорено време поаѓање за Салзбург. Сместување во хотел и краток одмор. Во попладневните часови продолжуваме кон центарот на Градот (со јавен превоз), пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

09 Март (Петок) САЛЗБУРГ – СТРАЗБУР

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Стразбур. Пристигнување во пладневните часови во Стразбур, разглед на градот со локален водич (факултативно) плоштадот Клебер, катедралата Нотр Дам, Астрономскиот часовник сместен во самата катедрала, куќа Kammerzell од XV век, квартот Малата Франција со типичнишарени фасади на Алзас, Плоштадот де Републик, театарот, Европскиот парламент и Советот на Европската унија… Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.
4 ден

10 Март (Сабота) СТРАЗБУР – КОЛМАР – БАЗЕЛ- СТРАЗБУР

Појадок. После појадокот можност за целодневен факултативен излет во Колмар и Базел. Живописното градче Колмар се смета за најубавиот град во Европа. Овој древен француски град датира уште од 823 година, а со статусот на слободен град се здобил во 13 век, за времето на Светото Римско Царство. Со текот на времето власта врз градот се менувала помеѓу Франција и Германија, за по Втората Светска војна и прочуената битка наречена Колмарски џеб, конечно да и припадне на Франција. Се наоѓа во регионот Алзас и има околу 67.000 жители, разглед на градот: историскиот центар, црквата Св. Мартина, Доминиканска црква, Музејот Бартолди, Музеј Унтерлинден, слободно претпладне за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Базел, Швајцарија. Пристигнување во Базел и разглед на центарот на градот пешачка тура: Сојузниот парламент, катедралите и градските кули со часовник, трговската улица Kramgase која е под заштита на УНЕСКО, мостовите на Рајна и нејзините брегови кои Швајцарците често ги користат за одмор и рекреација. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Стразбур. Ноќевање.
5 ден

11Март (Недела) СТРАЗБУР – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, се упатуваме кон центарот на Стразбур. Слободно време за прошетка и индивидуални активности како и можност за посета на некои од музеите на Стразбур како и можност да се иксачите на камбанаријата на катедралата Нотр Дам која нуди прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови можност за крстарење со панорамско бродче (факултативно) по реката ИЛ (Ill) и каналот Des Faux Remparts која го обиколува центарот на (Grand Île) Стразбур и историскиот дел La Petitt France. Во вечерните часови заминување за Скопје.
6 ден

12 Март (Понеделник) СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во вечерните часови.