Минхен

од199

Минхен

Период

07 Mar - 12 Mar

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

142

Бр. Седишта

50

1 ден

07 Март (Среда) СКОПЈЕ – САЛЗБУРГ

Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 12.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 13:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

08 Март (Четврток) САЛЗБУРГ

Пристигнување во Салзбург во утринските часови. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден

09 Март ( Петок) МИНХЕН

Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Пристигнување во Минхен во претпладневните часови. Разглед на градот (факултативно): Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

10 Март (Сабота) МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау (90km ), светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф(првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.
5 ден

11 Март (Недела) МИНХЕН – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување за Скопје.
6 ден

12 Март (Понеделник) СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во пладневните часови.