БРИСЕЛ

од319

БРИСЕЛ

Период

10 Mar - 13 Mar

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

171

Бр. Седишта

50


1 ден

10 март 2018 СКОПЈЕ - БРИСЕЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05.15 часот. Авионот за Брисел полетува во 07.00, слетува во 09.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до центар на градот за разглед. Брисел – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за прошетка и запознавање на дел од знаменитостите во централниот дел на Брисел. Ноќевање.
2 ден

11 март 2018 АНТВЕРПЕН И БРИЖ

Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж. Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја врлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКУ кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот... Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКУ. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.
3 ден

12 март 2018 ЛУКСЕМБУРГ

Појадок. Целодневен факултативен излет во Луксембург. Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата.. Ноќевање.
4 ден

13 мар 2018 БРИСЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 10.20, пристигнување во Скопје во 13.00 часот на аеродромот Александар Велики.