БАРСЕЛОНА

од359

БАРСЕЛОНА

Период

04 Mar - 07 Mar

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

218

Бр. Седишта

50

1 ден

04.Март (недела) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:00часот. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
2 ден

05.Март ( понеделник) БАРСЕЛОНА

Појадок. Организирано, панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал-главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани, Шпанското село. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Предлагаме шопинг во познатите шопинг центри Маре Магнум, Кор Ди Енглес. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

06.Март (вторник) БАРСЕЛОНА (факултатива - Фигерас и Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Преопрачуваме факултативна посета на Фигерас и Герона - целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидна колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar...Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

07.Март (среда) БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно предлагаме посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни… Потоа, факултативно (5 часа), Посета на паркот “Guell”- ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO, продолжуваме со посета на видиковецот-Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот, и завршуваме со посета на Шпанското село. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродром во 19.00 часот. Во 21:20 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.