АМСТЕРДАМ

од350

АМСТЕРДАМ

Период

02 Mar - 05 Mar

Времетраење

4 дена 3 ноќевања со појадок

Прегледи

3122

Бр. Седишта

50

Ветерници,лалиња,кломпи,Хајнекен,Ајакс… се се тоа познати работи по кои се надалеку познати Амстердам и Холандија .И секако не само по тоа… Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво).
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција.Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.

1 ден

02.03 (петок) СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 слетува во 08.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус):Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).После посетата можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност,особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Ноќевање.
2 ден

03.03 (сабота) АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
3 ден

04.03 (недела) АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. После враќањето во Амстердам,можност за индивидуални активности и прошетка низ градот.Ноќевање.
4 ден

05.03 (понеделник) АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.15 часот, пристигнување во Скопје во 11.50 часот на аеродромот Александар Велики.