МОКРА ГОРА - САРАЕВО - МОСТАР

од90

МОКРА ГОРА - САРАЕВО - МОСТАР

Период

19 Oct - 23 Oct

Времетраење

5 дена 2 ноќевања

Прегледи

190

Бр. Седишта

50
1 ден

19.10.18

Поаѓање за Сараево во 20 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.
2 ден

20.10.18

ВВо утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

21.10.18

Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на Мостот на Неретва - познат од 2 - та светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар - симбол на градот, како и посета на светото католичко место Меѓугорје - познато по појавувањето на Марија Богородица во 1981 год., кое годишно го посетуваат по 1 милион верници од целиот свет. Главен храм е црквата на св. Јаков. Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
4 ден

22.10.18

Појадок.Слободно предпладне во центарот на Сараево.Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на "Дрини Чуприја" изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и"Андричев град" - повторно дело на Емир Костурица - како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора - каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
5 ден

23.10.18

Пристигнување во Македонија во утринските часови.