БУДИМПЕШТА - Авион

од199

БУДИМПЕШТА - Авион

Период

08 Dec - 11 Dec

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

421

Бр. Седишта

50

Градот од двете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна Будим, со термалните бањи од отоманската ера, во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна и жива, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура, како што е зграда на парламентот, една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт.

1 ден

08 Декември (Сабота) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на група на аеродромот Александар Велики во 06.15 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Визер во 08.05 часот. Слетување во Будимпешта во 09.25 часот. Трансфер до хотел со попатна посета на Сент Андреа (околу 2 часа со доплата 15 евра). Сент Андреа – малото живописно гратче во непосредна билизина на Будимпешта, ќе ве освои со старата архитектура, шетајќи по калдрместите улички на сите страни винотеки, ресторани и слаткарници каде задолжително е да се пробаат слатки со марципан. Пристигнување во Будимпешта и панорамско разгледување на градот: од споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата - Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина.... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
2 ден

09 Декември (Недела) БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултатативна посета на Зоолошката градина во Будимпешта – отворена пред повеќе од 150 години, поседува една од најбогатите збрики во Европа со над 1000 видиви животни, ретки видови, како и широк спектар на флора... во туристичкиот водич на Будимпешта препорачана за посета. Слободно попладне. Вечерта, факултативно - крстарење со брод под прекрасните мостови Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер. Факултативно - вечера во традиционален унгарски ресторан - чарда со богата музичка и фолклорна програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
3 ден

10 Декември (Понеделник) БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултативна посета на Палатата Годоло – најголемата барокна палата, Унгарскиот Версај и омилената палата на Сиси. Или факултативна посета на Аквариум и Тропикариум во Будимпешта – отворен во 1999 година, на површина од 3000 метри квадтатни, организирано во 8 простории каде се сместени стотици видови на водни животни, егзотични птици... замислете си тунел долг 12 метри каде што ајкулите пливаат околу Вас. Слободно попладне за ручек, време да се вкусат славните креации на Унгарската кујна. Можност за посета на Островот Маргарет - "зеленото срце" на градот, многумина го сметаат за еден од најдобрите градски паркови во Европа, совршено место за прошетки, одмор, уживање... Слободно попладне. Ноќевање.
4 ден

11 Декември (Вторник) БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ

Појадок – ланч пакет. Трансфер до аеродром, полетување за Скопје со Визер во 06.10 часот. Слетување во Скопје во 07.35 часот.