СТРАЗБУР

од399

СТРАЗБУР

Период

24 May - 27 May

Времетраење

4 дена 3 ноќевања

Прегледи

258

Бр. Седишта

50

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

1 ден

24 Мај (Четврток) Скопје - Базел - Стразбур

Состанок на групата во 10:30 часот на аеродромот во Скопје. Полетување за Базел во 12:35 часот, слетување во 14:55 часот. Трансфер до центарот на Базел, прошетка и запознавање на знаменитостите. Заминување за Стразбур, пристигнување и сместување во хотел. Слободна вечер за прошетка. Ноќевање.
2 ден

25 Мај (Петок) Стразбур

Појадок. Разглед на Стразбур - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил, висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција, заштитен како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, е најсликовит дел на Стразбур и изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне, можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање..
3 ден

26 Мај (Сабота) Шварцвалд: Баден Баден и Фрајбург

Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд: Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, отука градот е и идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Продолжуваме кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Враќање во Стразбур. Ноќевање.
4 ден

27 Мај (Недела) Алзас: Риквир и Колмар - Скопје

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Трансфер до аереодромот во Базел. Лет на Визер во 20:55 часот. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.

Слични Понуди