АЗУРЕН БРЕГ

од219

АЗУРЕН БРЕГ

Период

10 Oct - 15 Oct

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

527

Бр. Седишта

50
1 ден

10 Октомври (Среда) СКОПЈЕ - МИЛАНО

Состанок на група 10 00ч. Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти спортска сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

11 Октомври (Четврток) FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО

Пристигнување во Франчакорта аутлет во утринските часови. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува накај Милано. По пристигнувањето препорачуваме организиран разглед на градот:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... . Слободно време за индивидуални прошетки . Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

12 Октомври (Петок) МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Ноќевање.
4 ден

13 Октомври (Сабота) НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти,старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан.Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Ноќевање.
5 ден

14 Октомври (Недела) НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
6 ден

15 Октомври (Понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.