Манастир Острог

од24

Манастир Острог

Период

20 Oct - 22 Oct

Времетраење

3 дена

Прегледи

34

Бр. Седишта

50

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба) или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња.

1 ден

20.10 (Петок)

Заминување кон Црна Гора од Штип во 19:15 од пред Нова Пошта, Велес 19:45 од безиска Мак Петрол-кружен тек, Скопје 20:15 од паркинг пред хотел Вип, (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности
2 ден

21.10 (Сабота)

Пристигнување во Црна гора во утринските часови, попатно застанување за панорамскО фотографирање кај Свети Стефан а потоа продолжување кон Будва и слободно време за прошетка по Словенска Плажа, Стариот Град и кафе и ручек .. Во попладневните часови продолжуваме кон Манастирот Свети Василие Острошки и факултативен разглед на Долниот Манастир каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 ден

22.10 (Недела)

Недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група во 09:30 заминување кон Подгорица кон трговскиот центар Делта Сити каде има можност за ручек и шопинг. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.