Мадрид

од475

Мадрид

Период

29 Dec - 02 Jan

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

9

Бр. Седишта

50
1 ден

29.12 (Петок) СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАДРИД

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 07.00 часот. Лет за Истанбул ТК1004 во 08. 55часот. Во 14. 10 часот лет за Мадрид и пристигнување во 16.40 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола се упатувме кон хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден

30.12 (Сабота) ТОЛЕДО

Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Толедо, поранешниот главен град на Шпанија. Посета на Катедралата од 13 век изградена во готски стил со професионален локален водич. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг во уникатниот град Толедо кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО уште од 1986 год. Враќање за Мадрид во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден

31.12 (Недела) МАДРИД

Појадок. Тричасовен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Plaza de Toros, стадионот на Сантијаго Бернабе, Atocha – познато градско збиралиште , Gran Via, Castellana, Paseo del Prado – дел од градската авенија на која се сместени неколку познати музеи, Plaza de Oriente – каде што е лоцирана Кралската Палата и Операта и Plaza de España – -плоштадот Шпанија на кој е сместен споменикот на Цервантес и ликовите од неговиот роман, која е најчитана книга по библијата. Вечерта дочек на Новата Година на некој од плоштадите. Ноќевање.
4 ден

01.01 (Понеделник) МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ

Појадок. Полудневен излет на кралското место и манастирот Св. Лоренцо, осмото светско чудо во местото Ел Ескориал, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Враќање во Мадрид и слободно попладне. Ноќевање.
5 ден

02.01 (Вторник) МАДРИД – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

По Појадокот, трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 12.10 часот и пристигнување во 18.35 часот. Летот за Скопје е во 20:15 часот и пристигнување во 19.45 часот.
HOTEL SANTOS PRAGA 4*

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

  29.12.2017 – 02.01.2018

УСЛУГИ

BB

НОЌЕВАЊА

4

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 5. Ноември  475 €  / 29.450мкд
Цена по лице во двокреветна соба 525 € / 32.550 мкд
Доплата за еднокреветна соба 160 € / 9920 мкд
Попуст за трето лице        – 70 € / – 4340 мкд