Лондон

од599

Лондон

Период

28 Dec - 02 Jan

Времетраење

6 дена 5 ноќевања

Прегледи

35

Бр. Седишта

50
1 ден

28.12 (Четврток) Скопје Лутон Лондон

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, 90 минути пред полетување на авионот. Лет со Визер во 06:05 часот, локално време. Пристигнување во Лутон/Лондон во 08:25 часот, локално време. Трансфер и разглед на градот со локален водич: Бекингамска Палата, Кенсингтон палатата, Ројал Алберт Хол, Хајд Парк, Оксфорд Стрит, Пикадили, Плоштадот Трафалгар, Парламентот, БигБен, Катедралата Вестминистер, Катедралата Свети Павле, Тауар Бриџ, Лондон Сити, Шекспировиот Глоб Театар....Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
2 ден

29.12 (Петок) Лондон

Појадок. Можност за факултативна посета на музејот Мадам Тисо. Слободно попладне препорачуваме посета на Националната галерија. Ноќевање.
3 ден

30.12 (Сабота) Лондон Гринвич (нулта меридијан)

Појадок. Можност за факултативен излет, крстарење по Темза и посета на Гринвич (нулта меридијанот). Слободно попладне, препорачуваме посета на лондонските музеи: Бритиш Музејот или индивидуални прошетки низ Оксфорд, Реџент, Олд Бонд Стрит се до Пикадили Циркус. Ноќевање.
4 ден

31.12 (Недела) Лондон - Виндзор

Појадок. Можност за факултативна посета со организиран трансфер до Kралскиот дворец во Виндзор. Виндзор замокот е кралска резиденција во англиската област од Беркшир. Тој е познат по неговата долгогодишна поврзаност со англискотo, а подоцна и британското кралско семејство, специфичен по својата архитектура. Оригиналниот замок бил изграден во 11 век, по норманската инвазија на Англија од страна на Освојувачот Вилијам. Во времето на Хенри sam, била користена од страна на монархистичката влада, и е палата во Европа која била најдолго окупирана. Раскошот на замокот од страна на историчарите и уметниците бил опишан како извонреден преставнин на џорџианскиот стил. Во внатрешноста на замокот се наоѓа капелата од 15ти Век, за која се веки дека е врвно достигнување, ремекдело на англиската готика ... Слободно време за разглед на Виндзор. Враќање во Лондон. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта дочек на Нова Година. Ноќевање.
5 ден

01.01 (Понеделник) Лондон

Појадок. Можност за факултативно возење на Лондонско Око. Слободно празнично попладне. Ноќевање.
06 ден

02.01 (Вторник) Лондон – Скопје

Појадок. Одјава од хотелот. Организиран трансфер до аеродром во 05:30 часот по локално време. Лет за Скопје со Визер во 08:55 часот. Пристигнување во Скопје во 13:05 часот по локално време.