Куба - авион

од1,225

Куба - авион

Период

16 Oct - 27 Oct

Времетраење

12 дена 9 ноќевања

Прегледи

17

Бр. Седишта

50

Најголемиот и во последно време најпосетуван карипски остров е дел од Големите Антили. Латино ритамот, пикантната кујна, рајските плажи, волшебните природни убавини, непрегледните полиња со шеќерна трска, сочуваните традиции и култура се само дел од оваа сочувана,островска енигма. Една е од најстарите земји на новиот свет, во која историјата ја испишуваа Европа и Африка, а ја открил Кристофер Колумбо, 1942год. убеден дека конечно ја нашол Индија. Во 1818 година, допуштена и е слободна трговија, а во 1889год. по воената интервенција од Америка, стана нејзиниот “Шекерниот остров”. Големите социјални разлики, доведоа до револуција во 1958 год. под водство на Кастро, сеуште актуелен претседател на една од последните комунистички земји.

ВАРАДЕРО – Најпознато Кубанско летувалиште, сместено на северниот дел на островот, оддалечено окулу 130км. oд Хавана. Се протега на 22км. долги, бисерно бели, песочни плажи. Климата е тропска со окулу 330 сончеви денови во текот на годината.

MELIA SOL SIRENAS CORAL 4* AI
Се наоѓа на одлична локација директно на една од најубавите плажи на полуостровот Варадеро. Sol Sirenas е All Inclusive хотел за сите возрасти, кој пружа висок стандард на удобност и услуги, забавна атмосфера а особено е погоден за семејства со деца. Има 660 соби, сите со клима уред, телефон, сателитска ТВ, сеф, купатило и тераса или балкон. Семејни соби и поврзани соби се достапни на барање. Од содржини хотелот има Базен, 2 џакузи, простории за масажа и физиотерапија, 4 тениски игралишта, сауна, ватерполо, сурфање на ветер, катамаран, кајаци, едрилици, нуркање. Продавници, конференциски сали, дневни и ноќни забави, мини клуб.

MELIA VARADERO 5* AI
Хотелот се наоѓа на една од најубавите песочни плажи, а од центарот на градот се наоѓа на околу 12 километри, додека од Хавана на околу 140 километри. Хотелот располага со 490 соби, секоја со бања (туш / WC), фен, клима уред, телевизор, телефон, сеф, мини бар и балкон. Во својот состав покрај главниот ресторан, располга и со 5 a la carte ресторани од областа на нациналната и интернационална кујна. Покрај бројните ресторани гостите можат да уживаат во вкупно 6те барови кои во текот на денот и навечер служат различни видови пијалоци. Од другите содржини хотелот има два отворени базени со хидро масажа работа, фитнес центар, салон за убавина и центар за нуркање за почетници. Спортски ентузијасти да уживаат во голф терените кои се наоѓа во близина на хотелот.

1 ден

16.10 (Понеделник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА

Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18:50 часот. Полетување за Истанбул во 20:55 часот со лет ТК1006. Пристигнување во Истанбул во 23:30 часот. Полетување за Хавана на 17. Октомври во 01:10 часот со лет ТК183.
2 ден

17.10 (Вторник) ХАВАНА – ВАРАДЕРО

Пристигнување во Хавана во 07.55 часот (локално време). По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до хотелот во Варадеро. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.
3 – 9 ден

18.10 – 24. 10 (Среда – Вторник)

Престој во хотелот по избор на база “се вклучено“. Слободни денови за капење, сончање и индивидуални активности. Можност за време на престојот во Варадеро да се организираат најразлични факултативни излети (Cayo Lago, Sugar Tour, Jeep Safari…).
10 ден

25.10 (Среда) ВАРАДЕРО – ХАВАНА

Појадок. По појадокот со спакувани куфери, групата се упатува кон Хавана, и полудневен разглед на Хавана. Сместување во хотел. Ноќевање
11-12 ден

26.10 – 27.10 (Четврток – Петок) ХАВАНА– ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и трансфер до аеродром за летот на TK183 во 09:55 со лет за Истанбул. Пристигнување во Истанбул на 27 Октомври во 09:15. Заминување за Скопје со лет ТК 1005 во 19:30, пристигнување во Скопје во 20:00 часот.