Крф

Период

Daily

Прегледи

603

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat.