Кипар

од399

Кипар

Период

29 Dec - 02 Jan

Времетраење

5 дена 4 ноќевања

Прегледи

47

Бр. Седишта

50

Кипар е островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземното Море, во близина на турскиот брег. Oстровот е крстосница помеѓу Европа, Азија и Африка, но се уште има многу остатоци од древните цивилизации – римски, византиски и венецијански. Главната економска активност на островот се туризмот, трговската морнарица, извозот на облека и фармацевтски производи, и бизнис услуги. Република Кипар е членка на Европската унија. Дали сте знаеле дека тоа е родното место на божицата на убавината, љубовта и страста – Афродита?

1 ден

29.12 (Петок) СКОПЈЕ - СОЛУН – Папос

Состанок на групата. Трансфер до аеродромот во Солун. Лет за Папос во 23:00 часот по локално време. Пристигнување во Папос. Организиран трасфер од аеродром до одбраниот хотел. Сместување. Ноќевање.
2 ден

30.12 (Сабота) КИПАР

Појадок. Слободен ден и можност за факултативна посета на Никозија, главниот град на Кипар. Ноќевање.
3 ден

31.12 (Недела) КИПАР

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност целодневен за факултативен излет, посета на Фамагуста и Карпаз според понудата. Вечерта задолжителна доплата за свечена вечера. Дочек и прослава на Новата Година.Ноќевање
4 ден

01.01 (Понеделник) КИПАР

Појадок. Празнично слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.
5 ден

02.02 (Вторник) Папос - СОЛУН – СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотелот. Организиран трансфер до аеродромот Папос со попатна пауза и посета на плажата Aphrodite’s Rock, митолошко верување местото на раѓање на Божицата на убавината и љубовта Афродита, Коуклиа, Стар Папос. Разглед на археолошкиот парк Папос, кој се наоѓа во близина на плажата. Лет за Солун во 20.30 (локално време). Пристигнување во Солун. Трансфер до Скопје.