Дубаи - авион

од299

Дубаи - авион

Период

19 Oct - 24 Oct

Времетраење

5 дена 3 ноќевања

Прегледи

40

Бр. Седишта

50

 DUBAI – Фасцинантен, Возбудлив, Космополитски ….

Еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Иако во пустинско опкружување, Дубаи е град со многу зеленило, извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива најдобриот современ јавен транспорт на Средниот Исток. Метрото во моментов има 2 активни линии кои одлично го поврзуваат градот, од еден до друг крај. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути, додека трамвајот во областа на новата марина се очекува да биде пуштен во употреба пред крајот на 2014 година. Такси превозот е лесно достапен, модерен и со прифатливи цени.  Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 – 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 4 AED.
Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, инжињерските и архитектонски чуда, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.

1 ден

19.10 (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, во 18:55. Лет преку Истанбул во 20.55 часот. Слетување во Истанбул во 23.30 часот, локално време, полетува а Дубаи во 00,25 локално време.
2 ден

20.10 (Петок) ДУБАИ

Слетување во Дубаи во 05.40 по локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола упатување до хотел. Сместување во соби според хотелските правила и услови. Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Факултативно, (претходна резервација) посета на Burj Al Arab. Единствена можност да уживате во луксузот на единствениот хотел со 7* во светот. . Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден

21.10 (Сабота) ДУБАИ- Абу Даби

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност зафакултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Ферари центарот на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Доколку времето дозволува и има заинтересирани – факултативна посета на Emirates Palace – најлуксузниот хотел составен од девет палати, за секој емират по една и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани (претходно пријавување и уплаќање за ручек во Emirates Palace). Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.
4 ден

22.10 ( Недела) ДУБАИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.
5 ден

23.10 (понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Оставање на багажот во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Трансфер до аеродром за лет кон Скопје во 02,00 на 24.октомври.
6 ден

24.10 (Вторник) ДУБАИ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбу во 05.45 часот по локално време. Лет за Скопје во 08.00 часот – локално време. Пристигнување во Скопје во 08.30.