Белград

од139

Белград

Период

30 Dec - 01 Feb

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

93

Бр. Седишта

50

1 ден

30.12.2017 (сабота)

Заминување на групата во 03.30 часот од Скопје кон Белград со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Во претпладневните часови пристигнување во Белград, еден од најстарите европски градови. Сместување во хотел „Srbija“ 3*** (www.hotelsrbija.com). Слободно време за одмор од патувањето. Од 15.00 часот организиран разглед на градот со локален туристички водич:Калемегдан, Капелата Свети Петка на Калемегдан каде биле сместени моштите на Света Петка, најпознатата Кнез-Михајлова улица, Плоштадот на Републиката и Плоштадот Теразије, хотел Москва... Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Белград, уживајќи во предновогодишната атмосфера во градот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
2 ден

31.12.2017 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Ушќе, најголемиот шопинг центар во Србија и во регионот (www.usceshoppingcenter.com/sr) . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови враќање во хотелот. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година во ресторанот на хотелот со празнична вечера на шведска маса со ладни и топли прејадења, главно јадење, салати, десерти и неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци од домашно производство. Забава со богата музичка програма. Ноќевање.
3 ден

01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.