Врахос

од135

Врахос

ПОПУСТ ОД 15% ЗА КОМПЛЕТ УПЛАТИ ДО 31.01.2018

ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва, во дворот има лулашки за деца. Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 4евра на ден).

ВИЛА ВАЈТ СЕНДИ БИЧ е на прва линија на плажа. Вилата располага со сопствени лежалки на плажа. Секое студио има 2 лежалки со чадор на користење. Студијата се на први кат со балкон со страничен поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) иWI-FI. Четвртата особа може да биде дете до 12 години.

ВИЛА САНРАЈС се наоѓа на 50 метри од плажа и располага со сопствен паркинг (ограничен капацитет). Студијата се наоѓаат на прв спрат, опремени со ТВ, мини кујна, балкон и клима (се доплаќа 5евра на ден). Секое студио има еден дупли кревет, еден единечен и можност за фотеља на спуштање (за дете до 5,99год)

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ се наоѓа на 50 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани и трокреветни студија. Сите апартмани и студија имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, купатило и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 2 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Студијата се наоѓаат на трети кат, една просторија со 1 брачен кревет и 1 единечен кревет.

ВИЛА КОРАЛИ е една од најубавите вили на Врахос Бич. Се наоѓа во центарот, на сама плажа. Вилата има паркинг, бар и сопствена плажа со чадори и лежалки ( гостите на вилата ги користат лежалките со порачување на пијалок) . Сместувањето е во четирикреветни апартмани со балкон (со поглед на градина или на море), комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 6евра на ден) и Wi-Fi. Напомена: Вила Корали прима само четворочлена фамилија или максимум 3 возрасни особи !!!

ВИЛА ЛУИЗА се наоѓа на прва линија од плажа, располага со трокреветни и четворокреветни апартмани. Сите апартмани се со комплет опремена кујнa, бања, фрижидер, ТВ, WiFI, и клима (се доплаќа 5 евра на ден). Апартманите 1/4 се лоцирани на приземје имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Апартманите 1/3+1 на се лоцирани на први и на втори спрат, имаат две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и кујна со помошен кревет за деца до 12 години. Апартман 1/3лоцирани на први и втори кат, две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и засебна кујна.

Ценовник

Вила   ФИЛОКСЕНЈА ВАЈТ СЕНД САНРАЈС
Термин ноќи 1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 АПП 1/3 СТД 1/3+1 СТД 1/3 стр.море 1/3 МОРЕ
16.06 7 280€ 300 € 400 € 360€ 380 € 360€ 380 €
23.06 7 340€ 360 € 460 € 400€ 420 € 400€ 420 €
30.06 9 380€ 430 € 510 € 450€ 470 € 450€ 470 €
09.07 9 440€ 480 € 610 € 500€ 520 € 500€ 520 €
18.07 9 480€ 520 € 690 € 580€ 600 € 580€ 600 €
27.07 9 480€ 520 € 690 € 580€ 600 € 580€ 600 €
05.08 9 480€ 520 € 690 € 580€ 600 € 580€ 600 €
14.08 9 480€ 520 € 690 € 580€ 600 € 580€ 600 €
23.08 9 440€ 490 € 610 € 520€ 540 € 520€ 540 €
01.09 7 320€ 360 € 480 € 400€ 420 € 400€ 420 €
08.09 7 170€ 300 € 350 € 360€ 380 € 360€ 380 €
Вила КОРАЛИ ЛУИЗА ЈОНИАН ВЈУ
Термин ноќи 1/4АПП ГРАДИНА 1/4АПП МОРЕ 1/3 АПП 1/3+1 АПП 1/4 АПП 1/3 СТД 1/4 АПП
16.06 7 460 € 490 € 360€ 380 € 440 € 340€ 400 €
23.06 7 510 € 540 € 400€ 420 € 490 € 420€ 460 €
30.06 9 560 € 590 € 450€ 470 € 540 € 460€ 510 €
09.07 9 660 € 690 € 500€ 520 € 640 € 480€ 610 €
18.07 9 750 € 780 € 580€ 600 € 730 € 570€ 690 €
27.07 9 750 € 780 € 580€ 600 € 730 € 570€ 690 €
05.08 9 750 € 780 € 580€ 600 € 730 € 570€ 690 €
14.08 9 750 € 780 € 580€ 600 € 730 € 570€ 690 €
23.08 9 690 € 720 € 520€ 540 € 670 € 520€ 610 €
01.09 7 500 € 520 € 400€ 420 € 490 € 370€ 480 €
08.09 7 380 € 460 € 360€ 380 € 360 € 240€ 350 €

Вила ФИЛОКСЕНИЈА

Вила ВАЈТ СЕНД

Вила САНРАЈС

Вила ЈОНИАН ВЈУ

Вила КОРАЛИ

Вила ЛУИЗА