Вила Niki - Агиос Георгиос

од75

Вила Niki - Агиос Георгиос

Крф е во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира. Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.

Агиос Георгиос е мало туристичко место, на крајниот југозападен дел на островот. Од главниот град Керкира е оддалечено 30-тина км, а од јужното пристаниште Лефкими 10-тина км. Долгите песочни плажи и бистрите води на Јонското Море се само дел од убавините на ова место.

Вила Ники се на 4-5 мин. од плажа. Располага со четворокреветни апартмани на кат и двокреветни студија на приземје и сопствен двор. Сите соби се опремени со мини кујна (фрижидер, мини шпорет со две рингли, комплет прибор), ТВ, бања со туш, клима (се доплаќа), тераса. На гостите им е дозволено користење на базенот, барот и паркот за деца од Лорд Комплексот. (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

Ценовник

Период 26.05 02.06 11.06 20.06 29.06 08.07 17.07 26.07 04.08 13.08 22.08 31.08 09.09 18.09
ноќевања 7 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 7
1/2 75€* 145€ 165€ 199€ 229€ 245€ 245€ 245€ 245€ 229€ 209€ 165€ 145€ 75€*
1/4 75€* 145€ 165€ 199€ 229€ 245€ 245€ 245€ 245€ 229€ 209€ 165€ 145€ 75€*

* четврто лице бесплатно сместување