Вила Anestis - Агиос Георгиос

од75

Вила Anestis - Агиос Георгиос

Крф е во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира. Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.

Агиос Георгиос е мало туристичко место, на крајниот југозападен дел на островот. Од главниот град Керкира е оддалечено 30-тина км, а од јужното пристаниште Лефкими 10-тина км. Долгите песочни плажи и бистрите води на Јонското Море се само дел од убавините на ова место.

Вила Анестис се наоѓа веднаш до Лорд Комплекс лоциран во непосредна близина на центарот на Агиос Георгиос. Плажа е оддалечена 4-5 мин. Вилата е со преубаво уреден двор, двокреветните студија се на приземје, а четворокреветните апартмани се на кат. Сите се опремени со мини кујна (фрижидер, две рингли за готвење, комплет прибор), ТВ и бања со туш, клима ( се доплаќа). Гостите од вилата можат да го користат базенот и мини паркот за деца од Лорд Комплекс (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

Ценовник

Период 26.05 02.06 11.06 20.06 29.06 08.07 17.07 26.07 04.08 13.08 22.08 31.08 09.09 18.09
ноќевања 7 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 7
1/2 75€* 145€ 165€ 199€ 229€ 245€ 245€ 245€ 245€ 229€ 209€ 165€ 145€ 75€*
1/4 75€* 145€ 165€ 199€ 229€ 245€ 245€ 245€ 245€ 229€ 209€ 165€ 145€ 75€*

* четврто лице бесплатно сместување