Вила Eleni - Неа Рода

од49

Вила Eleni - Неа Рода

(1/4) Студио

20 метри од плажа

НЕА РОДА е мало туристичко место на источната страна на третиот крак – Атос

Љубителите на мирни и тивки места ќе се пронајдат себеси.Не изоставувајќи ги таверните со свежа морска храна,убавата традиционална и медитеранска кујна.
Воодушевени и спокојни ќе ве остават фасцинантните бои на морето кои се променуваат од утро до вечер и последните зраци на зајдисонцето.Плажата во Неа Рода е со сино знаме и со кристално чиста вода и ситен песок.

Во непосредна близина се наоѓа плажата VOULITSA и прекрасните места за посета :островите Амулиани и Дрепани,Јерисос,Уранополис и духовното крстарење до Св.Гора (Единствена монашка држава на Балканскиот Полуостров).

ВИЛА “ЕЛЕНИ“ расоплага со четирикреветни студија.Секое студио има кујна делумно одвоена од спалната соба и големи тераси од кои се гледа морето
ВИЛА “ЕЛЕНИ” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 20 МЕТРИ ОД ПЛАЖА.

Ценовник

 

Период

 

Ноќевања

Студио
Бр. (2, 3, 5)
1/3+1
(3 или 4 лица)
23.09 – 30.09 7 49

 

ЦЕНИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИ:

  • ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН КОЈ ВКЛУЧУВА: ПРЕВОЗ, СМЕСТУВАЊЕ ВО  СТУДИО  ЗА 7  НОЌИ;
  • ВО СТУДИЈАТА СЕ СМЕСТУВААТ МИНИМУМ 2 ЛИЦА;
  • КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕД И WI-FI  Е БЕСПЛАТНО;
  • ДЕЦА ОД 02 – 12 ГОДИНИ – БЕСПЛАТНО (доплаќа само превоз доколку користи 25 евра);
  • ТРЕТО И ЧЕТВРТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ – БЕСПЛАТНО (доплаќа само превоз доколку користи 35 евра)

ОПИС НА СТУДИЈАТА

Студио бр.2

(1/4) 4 лица

Студиото се наоѓа на први кат на источна страна.

Студиото е опремено со кујна која е малку одвоена   од спалната соба.Кујната има решо,кујнски инвентар, аспиратор и фрижидер. Во спалната соба има два дупли кревети,плакар за алишта, тв,клима уред.На прозорите има ролетни.Од спалната соба се излегува на комотна тераса со маса и столици.Од терасата има поглед кон море.Студиото има стандардно купатило и WC.

Студио бр.3

(1/4) 4 лица

Студиото се наоѓа на први кат на источна страна.

Студиото е опремено со кујна која е малку одвоена   од спалната соба.Кујната има решо,кујнски инвентар, аспиратор и фрижидер. Во спалната соба има два дупли кревети,плакар за алишта, тв,клима уред.На прозорите има ролетни.Од спалната соба се излегува на комотна тераса со маса и столици.Од терасата има поглед кон море.Студиото има стандардно купатило и WC.

Студио бр.5

(1/4) 4 лица

 

Студиото се наоѓа на први кат на јужна страна.

Студиото е опремено со кујна која е малку одвоена   од спалната соба.Кујната има решо,кујнски инвентар, аспиратор и фрижидер. Во спалната соба има два дупли кревети,плакар за алишта, тв,клима уред.На прозорите има ролетни.Од спалната соба се излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има стандардно купатило и WC.